Суарез: Со тешко срце ќе го напуштам Ливерпул

Уругваецот Луис Суарез познат по скандалот со гризењето на Мундијалот за сајтот на Ливерпул истакнал дека е горд што играл за тој клуб и што помогнал натпреварите во Лигата на шампионите повторно да се играат на Енфилд.

 

-Со тешко срце го напуштам Ливерпул поради новиот живот и новите предизвици во Шпанија. Моето семејство и јас се заљубивме во клубот и градт Ливерпул. Но, најмногу од сè се заљубив во неверојатните навивачи. Секогаш ме поддржувавте и тоа јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме. Секогаш ќе бидеме навивачи на Ливерпул, истакнал Суарез.

 

Тој тврди дека се знае причината за неговото заминување иако имал договор до 2014 година.

-Се надевам дека сите сфатија зошто донесов таква одлука. Лувепрул направи се што можеше да ме задржи, но да играм и живеам во Шпанија кде живее семејството на мојата сопруга е мој долгогодишен сон и амбиција. Верувам дека ова е вистинското време за тоа, додава Уругваецот.

 

Трансферот на Суарез е вреден 88 милиони евра.

12.07.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега