И деца протестираа за „Монструм“

Меѓу демонстрантите на вчерашните протести против пресудите во „Монструм“ имало и многу деца, објавува денеска Дневник.

Според Дневник, дел од присутните малолетници скандирале, а дел биле во првите редови и носеле транспаренти. Можело да се забележат деца демонстранти кои биле заврзани со маици или друг дел од облека преку лицето за да не бидат идентификувани. 

На вчерашниот протест полицијата не дозволи демонстрантите да се приближат до судската палата и за разлика од минатиот петок, овој пат отсуствуваа крвави инциденти или материјални штети. Додека траеше протестот на небото над Бит-пазар се забележуваше беспилотно летало. 

Полициските службеници присуствуваа во голем број. На крстосницата кај Мавровка беа поставени оклопни возила и возила со водни топови. Крај целата крстосница имаше желзни барикади и беа наредени стотици специјалци. Протестот стартуваше во 13:30, по молитвата во „Јаја - паша“. 

Овој пат, толпата имаше свои редари кои спречија демонстрантите да се судрат со полциијата. Само неколкумина демонстранти фрлија со камења кон полцијата и новинарските екипи, но, сепак беа избегнати поголеми нереди. 

Демонстрациите завешија без поголеми инциденти и насилства и без судир со полицијата

12.07.2014 - 13:35
Фото: 
Kurir
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега