Мурињо: Меси е фантастичен фудбалер но не е најдобар играч на сите времиња

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо истакна дека за него Лионел Меси нема да биде најдобар фудбалер на сите времиња дури и ако го освои Мундијалот и биде прогласен за најдобар играч во финалето против Германија во недела.

 

-Меси е фантастичен фудбалер. Не му треба титула на Миндијалот за да биде фантастичен или историски играч на оваа декада. Меѓутоа за мене тој не е најдобар играч на сите времиња, истакна Мурињо.

 

 

Во однос на натпреварот, тој вели дека во финалето на Мундијалот ќе одлучуваат нијанси, како и дека победник ќе биде овој тим кој ќе успее да доминира на средината од теренот. 

12.07.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега