Попоски: ЕУ да не ги заборави своите принципи

Европската Унија да не ги заборави своите принципи.Ова е пораката која ја упатил шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски на "Croatia Forum" во Дубровник.

Според информациите од МНР; ПОпоски имал свое обраќање на сесијата посветена на проширувањето на ЕУ.

- Пораките дека следниот бран на проширување нема да се случи во следните 5 години, не треба да го примаме драматично, но, заборавањето на принципите од пред 60 години, врз кој почива европскиот проект, е ризично, истакнал Попоски.

На маргините на форумот, Попоски остварил средби со хомолози од Унгарија, Канада, Луксембург, Бугарија. Тој се сретнал и со комесарот за проширување на Европската комисија, парламентарниот заменик министер за надворешни работи за Јапонија, како и со други високи политички претставници.

12.07.2014 - 15:45
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега