Комеморација за загинатите пилоти на МВР

Во Дом на АРМ денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод страотната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица пилоти на македонското МВР.

Владата на Република Македонија одлучи утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Македонија.

Во меѓувреме беше формирана комисијата која ќе треба да ги открие причините за уривањето на хеликоптерот во индустриската зона во Струмица. Во трагичната несреќа загинаа четворицата припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Според првичните сознанија на МИнистерството, полицискиот МИ-17 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија, висок 120 метри. Пилотите претходо не се пожалиле дека имаат проблем со леталото. По ударот во антената., хеликоптерот се срушил и експлодирал.

 

13.07.2014 - 10:04
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега