Бесими работно во Брисел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, на 14 и 15 јули 2014 година ќе престојува во посета на  Брисел, Кралство Белгија.

За време на посетата предвидено е да оствари средби со Фернандо Џентилини, директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, Пјер Вимонт, извршен генерален секретар на Европската служба за надворешни работи како и со Александра Кас Грање, директор на Директоратот за проширување на Европската комисија.

 

На време на посетата вицепремиерот Бесими ќе одржи и презентација на НПАА пред претставници на Европската Комисија како и брифинг во Центарот за Студии на Европските Политики (CEPS).

 

 

 

13.07.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега