Министерот Спасов “ќе рипне во тавче“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов за Република откри дека ќе “рипне во тавче“ на крајот од летото.

Во интервју за весникот, 29 годишниот министер вели дека има малку слободно време, кое сака да го искористи квалитетно. Раководејќи со едно од најопсежните министерства, се разбира, ќе биде потребно многу разбирање од идната госпоѓа Спасова.

Спасов не го открива идентитетот на неговата избраничка, но, според Република, станува збор за долгогодишна љубов на минитерот која трае уште од средношколските денови. Точниот датум се уште не е одреден. Спасов вели дека и двајцата се сложиле да прават мала семејна свеченост.

 

13.07.2014 - 11:19
Фото: 
Лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега