Пожар проголта куќа во Лешок

Избувна пожар во куќата на 66 годишниот М.С. во тетовско Лешок, информира портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски, пренесува МИА.

Според информациите од полицијата, целосно била опожарена покривната конструкција од неговата двоспратна куќа, како и паркетот во двете соби на катот, шест прозорци, четири врати, еден телевизор, брачен кревет и други предмети. Значително биле зачадени и ѕидовите од собите на катот.

Тетовската противпожарна единица успеала да го локализира пожарот.

Во опожарената куќа веќе пподолго време не живеел никој, бидејќи М.С. живее во Скопје. Според него, пожарот направил штета од околу 10.000 евра.

- Полицијата утринава извршила комплетен увид, го фотографирала објектот и се работи на откривање на причините за пожарот и утврдување на материјалната штета, вели Јосифовски за МИА.

13.07.2014 - 12:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега