Тетовчанец пукал кон Германец пред дискотека во Тетово

32-годишниот М.Ѓ од Тетово си заработи кривична поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Тој синоќа околу 2 часот и 30 минути во дискотеката „Монопол“ во Тетово,  без повод и причина  физички го нападнал 23-годишниот С.Ј од Германија, а откако тој успеал со помош на друго лице да излезе надвор,  М.Ѓ со пиштол што го поседувал без одобрение испукал неколку куршуми.

најчитано сега