ФОТО: Бугарска работа - погледнете што се обидоа да скријат од македонските цариници

Полициските службеници на граничниот премин „Богородица“ открија сокриен сребрен накит во автомобил „БМВ“ со бугарски регистрации.

-Возилото се јавило на  излез од Македонија со две лица бугарски државјани по што од страна на полицискиот службеник е селектирано за детален преглед и  при тоа во багажниот простор пронајден е сокриен сребрен накит со вкупна маса од 203 грама. Согласно Мемонадумот и Протоколот за соработка накитот е одземен од страна на граничните полицајци и предаден на царинските службеници за поведување прекршочна постапка за сторен царински прекршок. На 12 јули лицата се изведени пред комисијата за прекршоци на Царинската управа на РМ при што им е изречена прекршочна санкција во висина од 500 евра, соопштуваат од МВР.

13.07.2014 - 13:06
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега