Тестенини со пилешко

Состојки:

пилешко бело месо, исецкано на мали коцки
тестенини (со било каков облик)
4 јајца
1 павлака
мешан сув зачин
малку путер
кашкавал
сол, бибер
маслиново масло

Подготовка:

- Исецканото пилешко месо пропржете го малку на маслиново масло.
- Во солена вода сварете ги тестенините. Кога ќе бидат варени исцедете ги од преостанатата течност и додадете ги во тавата во која го пржевте пилешкото месо. Измешајте убаво.
- Изматете ги јајцата со павлаката, мешаниот сув зачин, сол и бибер.
- Тестенините и месото ставете ги во подмачкана со путер земјана тава. Одозгора прелијте со смесата од јајца и павлака и убаво измешајте.
- Одозгора рамномерно изрендајте го кашкавалот.
- Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени малку да се потпече од горе и да добие убава румена боја.

Извор:Попара

 

 

13.07.2014 - 13:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега