Земјотрес со страшен звук ги преплаши битолчани

Битолчани попладнево во 13:18 часот почувствуваа земјотрес проследен со силен звук. 

Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени по рихтер. Епицентарот е во Лерин, на 27 километри јужно од Битола. Земјотресот бил почувствуван во 13 часот, 18 минути и 9 секунди.

Освен вознемиреност кај населението, земјотресот не предизвикал други проблеми.

13.07.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега