Туристите во Македонија се “дават“ во пиво - погледнете колку пари оставиле по баровите

Туристите кои лани ги посетиле угостителските објекти во земјава, потрошиле 5,5 милиони евра на пиво. Оваа сума е за 1,7 милиони евра пониска од претходната година, објавува Дневник.

Лани, во угостителските објекти во Македонија, туристите испиле вино вредно 4,2 милиони евра, што е за 950.000 евра помалку од минатата година. Помал бил прометот и на ракија, жестоки пијалаци и безалкохолни пијалаци.

Иако лани имаше поголем број туристи од земјава и странство, тие јаделе и пиеле помалку отколку претходната година. Лани туристите оставиле 47,4 милиони евра за да ги вкусат македонските специјалитети, сума која е за 11 милиони евра помала откако претходната година.

На ноќевања, пак, биле потрошени 27,6 милиони евра, сума која е поголема од претходната година.

13.07.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега