Скопјани внимавајте: Посебен режим на булеварот „Гологанов“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во денеска и утре на дел од булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до крстосницата со улицата Московска сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Времениот режим се воведува поради изведба на градежни активности –попречни прекопи за поставување подземна инсталација во периодот од 07 – 17 часот.

-Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај. стои во соопштението од Град Скопје.

13.07.2014 - 14:21
Фото: 
Скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега