Љубе Бошковски денеска повторно пред суд за убиството на Тушевски

Денеска во скопскиот Кривичен суд почнува повторениот судски процес за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, познат во јавноста како случајот Ровер", каде што меѓу обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија", Љубе Бошкоски.

Во првиот судски процес тој беше прогласен за виновен и осуден на дванаесетгодишна затворска казна. Неговиот тим од адвокати веднаш ја обжали пресудата, а Апелациониот суд на почетокот на мај годинава ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.
Во образложението на пресудата на судиите од Апелација наведоа дека во текот на постапката и судењето имало низа пропусти, поради што ги уважува жалбите на адвокатите на обвинетите и дава упатства како треба да се постапи во повторениот процес.

Покрај Бошкоски, за истото кривично дело, помагање во убиство", затворски казни во траење од шест до десет години добија и Зоран Трајковски, Ивица Ристиќ, Сашко Јовановски, Никола Негриевски и Гоце Митровски. Четворицата српски државјани: Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, кои се товареа дека ја извршиле ликвидацијата, ја добија максималната казна, доживотен затвор, но тие се уште се на слобода и не се екстрадирани до српските власти.

Маријан Тушевски и Киро Јанев беа убиени на 10 јули 2001 година во близина на "Млечниот ресторан" во Тафталиџе. Според обвинителниот акт, убиството било порачано од Орце Коруновски поради честите судири со Тушевски, а за тоа бил информиран Бошкоски, кој ветил дека ќе им помогне, односно ќе им дозволи да го извршат убиството и потоа да побегнат. Чубрило, Илиќ и Ковачевиќ биле најмени да ја извршат ликвидацијата. Илегално биле внесени во државата со помош на Ристиќ, сместени во стан во Скопје и ден по двојното убиство по истиот пат се вратиле во Србија.

ВЕЧЕР уште пред почетокот на судскиот процес стапи во контакт и разговараше со првообвинетиот Предраг Чубрило - Пеки, кој изјави дека ниту тој, ниту останатите српски државјани не биле ликвидатори и дека зад убиството не стоел Коруновски, иако навистина имало конфликт меѓу нив

14.07.2014 - 09:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега