Македонска делегација на прославата на 14 јули во Париз

На покана на францускиот претседател Франсоа Оланд, делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, учествува на свеченото одбележување на стогодишнината од Првата светска војна, што се одржува денеска во Париз.

На меѓународното дефиле во француската престолнина, нашата држава ќе ја претставуваат четворица млади франкофони и тројца претставници на Армијата на Република Македонија, пренесе МИА.

На настанот е предвидено присуство на 76 меѓународни воени и цивилни делегации од земји учеснички во Првата светска војна. 

14.07.2014 - 11:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа