Македонското знаме ќе се развее на Елисејските полиња

Македонското знаме носено од македонски војници, како и четворица млади од Македонија денеска ќе продефилираат на Елисејските полиња. 

Македонското знаме, заедно со знамињата на уште 75 други земји, кои  директно или индиректно учествуваа во Првата светска војна, ќе парадира на „Шанзелизе“ пред почесната трибина на претседателот Франсоа Оланд и претставниците на земјите учесници на прославата. Ќе биде носено од македонски војници и ќе биде меѓу првите кое ќе помине на Елисејските полиња. Учеството на парадата е за  да се потсети на жртвите на војниците и на сите оние кои биле вклучени во Првата светска војна, јави МИА.

По дефилето на знамињата ќе парадираат француските воени школи и припадниците на единиците кои зедоа учество во Големата војна со порака: „Тоа се истите луѓе, кои ги бранат истите вредности како во 1914 година“.

14.07.2014 - 11:43
Фото: 
евести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега