За прв пат во Македонија - започна да се применува 3Д лапароскопска технологија

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за прв пат денеска почна со примена на современата 3Д лапароскопска технологија.

Современата опрема е обезбедена со средства од сопствениот буџет и чини околу 4 ипол милиони денари.

-Драго ми е што добив прилика да дојдам во Скопје на оваа клиника и да покренеме некоја соработка. Веќе направивме една операција со оваа 3Д техника, кој е значаен чекор напред и овозможува не само тешки и понапредни опреации, туку и колегите кои доста добро почнаа со лапароскопијата побрзо да ја усовршат техниката и да го скратат времето на учење на минимум, бидејќи токму тој 3Д овозможува длабочина на видот и операција која може побрзо да се направи и подобро да се научи, истакна докторот од Словенија Леон Меглиќ.

Инаку, лапароскопската хирургија претставува златен стандард во решавање на најтешките гинеколошки проблеми кај жената.

14.07.2014 - 12:00
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега