Парите си ги ставил во џеб - кривична за вработен во „Македонска Пошта“

Кочанчанец си заработи кривична пријава бидејќи ја злоупотребил својата службена положба. Според податоците од полицијата, се работи за 34-годишниот А.Т. од Кочани, вработен во АД „Македонска Пошта“-Скопје, кој парични средства по основ на туѓа нега за лице  од Кочани во висина од 10.847 денари ги присвоил за себе потпишувајќи се на налогот во нејзино име.

14.07.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа