ФОТО: Српски полицајци патролираат во Охрид

Викендов во Охрид отпочнаа заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи, се со цел зголемување на степенот на безбедноста во Охрид, размена на информации и продлабочување на меѓусебната полициска соработка.

Српските полициски службеници ќе даваат поддршка на полициските службеници од СВР Охрид во активностите насочени кон обезбедување на јавниот ред и мир,  контрола на угостителските објекти и ќе бидат подршка на македонските и на државјаните на Република Србија кои за време на туристичката сезона престојуваат во Охрид.

Заедничките полициски патроли  се резултат на постигнатиот договор меѓу Владите на Република Македонија и Република Србија за полициска соработка потпишан на 30-ти ноември 2011 година.

14.07.2014 - 12:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега