Ммм... Торта со чоколадо

За вашето семејство направете вкусна торота од чоколадо. Еве што ви е потребно

Сосотјки.

- 8 жолчки

-200 грама шеќер

250 грама ореви(мелени)

1 лажица брашно

1/2 прашок за пециво

кора од еден портокал

два ситно исецкани портокали

10 грама темно чоколадо за готвење

малку сол

За прелив:

- сок од портокал

- 3 лажици вода 

Глазура 

- 100 грама чокочадо

- 1/2 филџан 

Подготвка:

 1. Жолчките изматете ги со шеќер. Оревите измешајте ги со брашно, прашок за пециво и ренданото чоколадо. Изрендајте ја кората од едниот портокал, а излупените два портокали исецкајте ги на ситни парчиња.

2. Во добро изматените жолчки додадете ја кората од портокалот и ситно исецканите портокали. Потоа, наизменично додавајте ги изматените белки и измешаните ореви. Дното на калапот за торта (26 см) обложете го со хартија за печење. Излијте го тестото, израмните го и печете во загреана рерна 45 минути. на 180 ° C. Во изгаснатата, отворена печка оставете ја тортата 15-на минути да се излади. 3. Сокот од едниот портокал измешајте го со 3 лажици вода и врелата торта прелијте ја со преливот. 4. Откако малку ќе се излади тортата извадете ја од садот за печење и ставете ја во друг сад. 5. За глазурата измешајте чоколадо и половина шолја масло, ставете го малку да се стопли и прилијте ја тортата.

 

14.07.2014 - 13:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега