Крива Паланка ќе се спаси од досадните комарци

Во Крива Паланка утре ќе се изврши авионско прскање за заштита од комарци.

Од локалната самоуправа на општината информираа дека аерозапрашувањето ќе се изврши во периодот од 5 до 8 часот наутро и  апелираат до пчеларите во времето на прскањето и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели за да ги заштитат од дејството на средството пчелните семејства.

Аерозапрашувањето ќе се реализира согласно годишната Програма за дезинсекција и дератизација за 2014 на општина Крива Паланка, за која годинава се издвоени 300.000 денари за дезинсекција и ќе се спроведе во градското подрачје на површина од 330 хектари.

Целта на Програмата за дезинсекција и дератизација е интегрирано сузбивање на заразните болести предизвикани од микроорганизми, штетници и глодари, а спроведувањето на истата општината го реализира во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка и Центарот за јавно здравје од Куманово.

14.07.2014 - 13:25
Фото: 
спектра
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега