Канческа-Милевска се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Министерството се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, биле потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата.

Полскиот амбасадор Мултановски информирал за поважните активности на Амбасадата во насока на интензивирање на соработката во областа на културата меѓу двете држави. Тој истакнал дека е во тек реализацијата на проектот за дигитализација и реставрација на уметнички дела  од познати полски автори, подарени на Македонија по земјотресот во Скопје, кои се наоѓаат во Музејот на современа уметност, а станало збор и за интензивирање на меѓууниверзитетската соработка преку доделување стипендии за студентите кои го изучуваат полскиот јазик.

14.07.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега