Предавање на Сели Пеинтер за НАТО Самитот во Кардиф

Ko-основачот и главен оперативен офицер на „Blue Star Strategies LLC“ , Сели Пеинтер денеска на Воената академија во Скопје ќе одржи предавање на тема „НАТО Самитот во Кардиф: Стратегија за проширување и искуства од претходните самити“.

На предавањето е најавено и присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Во рамки на својата кариера, Пеинтер работела на високи позиции во Владата на САД и во големи приватни корпорации. Таа има искуство работејќи со регионот на Централна Европа, во областа на одбраната и безбедноста, а особено во претставувањето на дел од земјите во нивната намера за членство во НАТО и Европската унија.

Таа работела и на многу важниот закон во САД за ослободување на визниот режим со седум земји од регионот. Раководела и голем број проекти, а била и на позицијата виш советник за повеќе глобални НАТО-самити како: самитот во Вашингтон (1999), во Прага (2002), Истанбул (2004) и Рига (2006).

На оваа функција таа има работено директно со лидерството во соодветната земја, со генералните директори на глобални корпорации, со американскиот Конгрес, со НАТО, но и со администрациите на претседателите Буш и Клинтон. Пеинтер е и член на Бордот на американскиот комитет за НАТО. 

15.07.2014 - 08:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега