Да му помогнеме на Иван повторно да застане на нозе

24 годишниот Иван Стојанов од Штип, кој веќе четири години не може да оди, бара помош од хуманите луѓе. Кинеска болница нуди можност повторно да застане на нозе, со третман на матични клетки, но, потребни се 26.000 евра. Толку ќе го чини патот и операцијата во Центарот за матични клетки „Ву“ од Пекинг.

-Третманот е три недели, а во тој третман има 4 вбризгувања на матични клетики. Со тој третман ми гарантираат дека можам да имам добар напредок, да застанам на свој нозе да започнам да одам барем  со помагала, вели Иван Стојанов

Иван останал парализиран, откако при операција на циста во вратот му биле уништени голем број од нервите. Состојбата со помош на физикална терапија му е подобрена, но се уште целосно зависи од грижата на неговата мајка.

-Надежта е голема бидејќи моментално третманот со матични клетки е едно од врвните достигнувања, вели Стојанов, пренесуца Канал 77.

Татко му работи каде ќе го повикаат, а неговата мајка постојано се грижи за него поради што иако е вработена не може да оди на работа. Единствен сигурен приход им е надоместот за туѓа нега во висина од 4500 денари. Иван се надева хуманите луѓе ќе му помогнат повторно да застане на нозе.

 

Донации за Иван:
Тутунска банка
Трансакциска сметка:
210700000616959

Со едно јавување донирајте 100 денари на
Vip 077 143 776
One 075 143 155

15.07.2014 - 11:25
Фото: 
Канал 77
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега