Руски експерти ќе ги преслушуваат црните кутии од полицискиот МИ-17

Двете црни кутии oд урнатиот полициски хеликоптер МИ-17, најверојатно ќе се преслушуваат во Казан, Русија, каде што е произведено леталото, пишуваат медиумите.

Македонското МВР веќе го извести производителот на леталото кое се урна кај Струмица и сега се чека на официјална потврда, дали руските експерти ќе пристигнат во Македонија, или црните кутии ќе отпатуваат таму.

Руски експерти ги преслушуваа и црните кутии од истиот тип хеликоптер, кој се урна кај Блаце во 2008 година.

Преслушувањето на црните кутии треба да одговори на многу прашања и дилеми за хеликоптерската несреќа во која загинаа четворица врвни пилоти на МВР - Драги Мицев, началник-пилот на хеликоптерската единица „Јастреби“ на МВР, Марјан Трајковиќ, пилот-капетан, Тоде Орешков, воздухопловен инспектор за лиценцирање воздухопловен персонал и Иљо Лопатички, командир-пилот.

15.07.2014 - 11:43
Фото: 
Вести.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа