Стрелката покажа 100.000 денари во 7-ма брзина

И одморот може да биде предизвик за убави изненадувања кои радуваат покрај релаксацијата од динамичното темпо на секојдневието. Во ова сигурно се увери најновата среќна добитничка која доби пријатно изненадување, одлична парична добивка од 100.000,00 денари забавувајќи се со Инстант лотаријата 7ма Брзина.

Анита Белановиќ е родена во Прилеп, но живее во Нови Сад. Во Македонија дошла на одмор со семејството. Трагајќи по забавни моменти,  одлучиле да купат Инстант лоз 7ма Бразина. Го купиле во продажното место Христов-ДОЕЛ, Радишани. Лозот не го изгребале веднаш, тоа го направиле кога стасале дома, радувајќи се на убавата добивка. Анита е страсен игрич, редовно ги игра  игрите на среќа во Србија, но и секогаш кога доаѓа во Македонија.

Само за потсетување, во Инстант лотаријата 7ма Брзина, доделени се 5те премии - автомобил Голф 7, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули минатата година, а  на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

15.07.2014 - 14:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега