Дежурни амбуланти отворени во Охрид

Почнувајќи од денеска во селото Љубаништа ќе почне со дежурство амбулантата во периодот од 10 до 18 часот.

Ова денеска го изјави директорот на Здравствениот дом – Охрид, Митко Дабески. Тој истакна дека во амбулантата во Љубаништа ќе дежура медицинска екипа од лекар, медицинска сестра и шофер. Ќе има и мобилна екипа која ќе може за краток период да интервенира на локации во непосредна близина во тој дел од источното крајбрежје на Охридското Езеро.

„Дежурната медицинска екипа ќе придонесе за поголема мобилност и брза интервенција на населбите и плажите во околината на Љубаништа. Ќе се реагира согласно локацијата од каде се прима повикот, со тоа што доколку е поблиску до Пештани, тогаш кон местото каде е потребна помош ќе се упатува екипата од амбулантата од Пештани, истакна Дабески.  

15.07.2014 - 18:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега