Африканската фудбалска ѕвезда боледува од тешка болест

Фудбалериот на Тотенхем Емануел Адебајор е хоспитализиран бидејќи боледувал од маларија, објави англискиот клуб на својот веб сајт.

Откако се пожалел на малаксаност Адебајор во саботата веднаш бил префрлен во една од лондонските болници, каде е констатирано маларија во раната фаза.

По третманот изминатите два дена Адебајор добро реагираше на досегашниот тек од лекувањето, па репрезентативецот на Того, па доцна синоќа е пуштен на домашно лекување.

Сепак по препорака на медицинскиот персонал на Тотенхем, Адебајор ќе мора да мирува најмалку во наредните седум дена.

Разбирливо, Адебајор ќе ги пропушти подготовките на Тотенхем кој во моментов се подготвува на турнеа во Северна Америка.

15.07.2014 - 19:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега