Граѓаните почнаа кампања против Охрид - здружението на хотелиери апелира да се намалат цените

Кафе 150 а лежалка за двајца 500 денари. За гиро во Охрид ќе треба да платите од 150 до 180 денари, додека на плажа во соседна Грција ќе ве чини во просек 2 евра. Граѓаните започнаа негативна кампања против охридските угостители и концесионери на плажи. На социјалните мрежи ги објавуваат фискалните сметки добиени за лежалка или пијалак во најелитното домашно одморалиште. Речиси сите коментираат за цените кои се превисоки и за споредба велат дека поевтино ќе им било да си заминеле во грчка на море. И хотелиерите се жалат, велат дека поголемиот дел угостителите сакаат набрзина да заработат со што им ги бркаат домашните туристи кои со години се трудат да ги придобијат, пишува Сител

Дел од концесионерите на плажи или пак сопствениците на барови на туристите им наплаќаат по превисоки цени. Тоа на долгорочен план носи само загуби за нас бидејќи цените кај некои се премногу високи и не се соодветни на услугата. Ние со години се трудиме да ги привлечеме домашните туристи кои најчесто летуваат во Грција а они ни ги бркаат со овие превисоки цени вели од ХОТАМ, Дончо Танески.

Само субвенциите за секој донесен странски турист во 2013 година тежат над еден милион евра. Владата финансиски ги помага и евтинити авио летови кои придонесоа од почетокот на годинава бројот на туристи да се зголеми за 6,7 проценти. Но резултатите ќе беа и далеку подобри велат туристичките работници ако цените во Охрид беа нормални а не да се наплаќа за лежалка 500 денари цена слична како во најскапите светски летувалишта

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ФОТО: Нема да ви се верува колку чини Гиро во Охрид - охриѓани бесни, сезоната пропаѓа

 

ФОТО: И тоа се наплаќа во Охрид - еве колку чини сепаре за двајца

15.07.2014 - 21:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега