Лажел дека работи во ЈП „Македонски Шуми“ за да земе кредит

38-годишниот Г.Ф. од Струмица си заработи кривична за измама. Во месец мај во банка во Струмица истиот при поднесување барање за добивање кредит приложил фалсификувани документи дека е вработен во ЈП „Македонски Шуми“-Струмица,  по што кредитот му бил одобрен и му биле исплатени 307.813 денари.

По доставување на административна забрана на плата до ЈП „Македонски Шуми“-Струмица истата била вратена во банката со напомена дека такво лице нема вработено во ова јавно претпријатие. На овој начин, пријавениот ја оштетил банката за горенаведениот износ.

16.07.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа