Ограбена куќа во битолско - крадците направиле „парче"

Уште една тешка кражба во Македонија. Во селото Трап, битолско, непознат сторител преку незаклучена врата влегол во куќата на 55-годишниот Д.Т. и со употреба на подесен алат извршил тешка кражба одземајќи 4.000 евра, 300.000 денари и разновиден златен накит.

Крадецот се стекнал со 560.000 денари.

Исто така, во Охрид  35-годишниот Г.С. од село Долно Лакочереј, охридското и 39-годишниот В.Т. со употреба на физичка сила насилно го отвориле прозорецот од приземје на куќа во Охрид и по извршеното пребарување, одзеле два лап-топ компјутери, околу 10.000 денари, 200 евра и разновиден накит. Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил даден на залог кај пријавениот В.Т. а потоа продаден за 2.000 денари.

Г.С. со употреба на физичка сила насилно отворил влезна врата од куќа во селото Долно Лакочереј од каде одзел 9.000 денари. 

16.07.2014 - 12:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега