Петгодишно дете повредено во сообраќајка во Тетово

На локалниот пат Пирок-Тетово во село Камењане, вчеравечер во 20 часот во судар на две патнички возила: „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал Б.Р. ( 36 ) од Урвич и „Опел фронтиера“, исто така, со тетовски таблици, управуван од 20-годишниот М.Д. од Фалише, повредени биле сопатниците од „Астрата“, 35-годишната Ф.Н. и петгодишно дете. Тие веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите итно биле префрлени на скопските клиники.

16.07.2014 - 13:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега