Баерн Минхен и „украде“ уште еден Геце на Борусија Дортмунд

Феликс Геце, помалиот брат на Марио од Борусија Дортмунд се пресели во Баерн Минхен.

-Точно е дека Феликс Геце дојде во Баерн Минхен, потврдил директорот на младинската школа на Баерн, Михаел Тарнат.

Феликс е трет член на семејството Геце кој ја напушти Борусија Дортмунд. Пред него тоа го сторија Марио, кој минатото лето се пресели во Баерн за 37 милиони евра и Фабијан кој сега е играч на Унтерахинг.

16.07.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега