Приватните проблеми го оддалечеија Илиевски од настап на ЕП 2015

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде дополнително ослабена во квалификациите за Европското првенство 2015 година, откако и дефинитивно својот настап во црвено-жолтиот дрес го откажа искусниот плејмејкер Владо Илиевски.

Иако изминатите денови се очекуваше Илиевски  да му се стави на располагање на селекторот Џикиќ, сепак тој нема да настапи во претстојните квалификации.

Приватните проблеми со кои се соочува Илиевски веќе подолг период се причината поради која искусниот организатор на играта нема да може да и помогне на Македонија во обидот по трет пат во низа да обезбеди пласман на Европското првенство.

Владо Илиевски е веќе шестиот играч кој го откажа настапот во црвено-жолтиот дрес откако претходно тоа го сторија Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Бо Мекејлеб, а поради повреда во тимот ќе ги нема и центарот Предраг Самарџиски. 

16.07.2014 - 16:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега