Еве што ви треба за да можете да добиете здравствена услуга додека сте на одмор во странство

Во случај на сообраќајна несреќа, алергија, труење со храна, забоболка  бесплатно може да се лекувате во 15 држави со кои Македонија има склучено договор за социјално  осигурување.

За итна интервенција ова право може да се искористи  во Црна Гора, Бугарија и Турција каде најчесто македонците одат на летување, но не и во Грција и Албанија. Со нив Фондот нема договор. 

За да се добие неопходна медицинска  услуга во странство на товар на државата пред да тргнете на пат потребено е да имате  двојазичен образец , потврда од  матичниот лекар и дополнително од гинеколог за жените како и мислење од лекарска комисија на фондот дека осигурениците се здрави. Обрасците се вадат во подрачните служби на ФЗОМ истиот ден кога се приложуваат и потврдите. Сите докумненти се бесплатни.

Двојазичните обрасци во странство важат само за лекување во државни болници и амбуланти. По вражањето Фондот ги рефундира парите на осигурениците.

Минатата година вакви двојазични опбрасци побарале околу 400 македонски граѓани. Од лани фондот ја покрива и референтната цена за дијализата во странство.

16.07.2014 - 22:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега