ЕУ предлага укинување на роамингот во земјите-членки

Комесарката на Европската унија за дигитална агенда Нили Крос денеска предложи радикална измена на пазарот на мобилна телефонија, вклучувајќи и укинување на роамингот во земјите-членки на ЕУ.

Крос истакнува дека ЕУ треба да формира единствен пазар на мобилна телефонија, што би донело бројни бенифиции и би го поттикнал економскиот раст и вработување.

Пред изборите во ЕУ 2014, Крос ги повика законодавците на Европскиот парламент да им покажат на граѓаните дека е можно да нема трошоци за роамминг.

Крос се залага и за преземање на конкретна акција против високотехнолошкиот криминал и да се гарантира неутралноста на интернетот, односно провајдерите да не можат да вршат сегрегација и да не блокираат одреден вид на сообраќај.

Доколку предлозите бидат усвоени, би можеле да почнат да се применуваат од 2015 или 2016 година.