„Убијците се на слобода" - потресна исповед на сопругата на Македонецот убиен во Австралија

Завчера на прес-конференција во градот Арнклиф во Австралија, сопругата на убиениот Австралиец со македонско потекло Џон Гашовски, Џеки, порача да се најде убиецот на нејзиниот сопруг кој е на слобода. Како што пишува Дневник, 48-годишниот Џон Гашовски беше пронајден мртов на 15 јуни годинава, кај местото Џамберу, кај Волонгонг. Џон од дома си заминал на 9 јуни и рекол дека ќе оди за Kанбера, но таму никогаш не тргнал, а откако го изгубиле контактот со него на 12 јуни, почнала полициска потрага. Неговото тело беше пронајдено три дена подоцна. 

- Болката што ја чувствуваме по смртта на Џон не може да се опише со зборови. Сакаме одговорните за убиството да бидат пронајдени и осудени за ниту едно друго семејство да не ја доживее повторно оваа болка, со која живееме секој ден, изјавила Џеки Гашовски

Еден од детективите кои работат на случајот вели дека Гашовски бил бизнисмен од Арнклиф, Сиднеј, кој немал криминално досие. 

-Се` што знаеме е дека тој пиел во локален паб во Сиднеј со свои пријатели кога им рекол дека планира да замине за Kанбера. Му предложиле да појдат со него, но тој заминал сам - рекол еден од детективите во овој случај. 

Џон наводно истата вечер и се јавил на сопругата и рекол оти стигнал во Kанбера и дека ќе се врати наредниот ден.

 

17.07.2014 - 10:04
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа