Ѓорѓиев: Сите субјекти посветено и одговорно да се однесуваат во процесот со еврообврзницата

Во врска со процесот за еврообврзницата Владата посочува на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски и во моментот нема да соопштува детали поради природата на процесот, ценовната сензибилност и влијанието на целиот процес со истакнување определени информации кои,  како што вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, можат да бидат инсајдерски.

- Апелирам и повикувам сите субјекти коишто имаат определена општествена одговорност посветено и одговорно да се однесуваат кон овој процес затоа што тоа би можело да има влијание на определени други аспекти во процесот. Интенција на Владата, институциите и на медиумите е да се обезбедат најдобри услови затоа што тоа ќе биде во корист на сите граѓани, потенцира Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарско прашање. 

17.07.2014 - 12:56
Фото: 
мрт
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа