Еве колку студенти се запишани во академската 2013/2014

Во академската 2013/2014 година на додипломски студии  и на високите стручни школи во Македонија се запишани 57.746 студенти, што претставува пораст за 1,5 проценти во однос на академската 2012/2013 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 31.450 или 54,5 проценти од вкупно запишаните студенти се жени. Најголем број студенти или 88,5 проценти се запишани на државните високообразовни установи, додека 11,1 процент се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2013/2014 година, се запишани 19.173 студенти или 33,2 проценти. Во таа бројка се опфатени  и студенти кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година, покажуваат податоците на Статистика.

17.07.2014 - 14:04
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега