Вицепремиерот Пешевски се сретна со новиот кинески амбасадор

Проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен.

- Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена. Вицепремиерот му посака добредојде на новиот амбасадор, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот.

Соговорниците, според соопштението, ги поздравиле билатералните односи помеѓу двете земји и повеќегодишното пријателство одбележано со динамична успешна соработка, потенцирајќи ја трговската размена со НР Кина.

 

17.07.2014 - 14:14
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега