Сапунџиеви од Кавадарци самите си обезбедуваат струја - еве како

Домот на кавадаречкото семејство Сапунџиеви се снабдува со струја исклучиво од сончевите зраци, пишува Дневник. Ова семејство е едно од првите во Тиквешијата, а најверојатно и во Македонија кој што ја инсталираа шест-киловатната ПВ- соларна мини-централа која што ја собира енергијата од сонцето. Сите нивни апарати работат на соларна енергија. 

- Системот обезбедува голема автономија и во ноќниот период благодарение на енергијата што се добива дење и се акумулира во специјалниот батериски систем. Во текот на денот на располагање имаме 6 киловати, а ноќе 2,5 киловата. Но овие вредности може да се приспособуваат според желбите на потрошувачите - објаснува Љупче Сапунџиев.

Мини - централата е поставена на алуминиумска конструкција на покривот од куќата, која се наоѓа на улица Киро Крстев од Кавадарци. 

За ваквиот систем семејството одвоило 12,800 евра, а опремата има гаранција од 10 години. Батериите се со гаранција од 7 а панелите и до 25 години. 

- Имајќи предвид дека моменталната месечна потрошувачка во нашето семејството изнесува околу 120 евра, системот ќе биде исплатлив за 8,5 години. Меѓутоа, понатаму цели 17 години од животниот век на опремата ќе добиваме бесплатна енергија за домаќинството и нема да водиме грижа дали ќе вклучиме бојлер или печка за греење - дециден е Сапинџиев.

Повеќе прочитајте на Дневник:

17.07.2014 - 17:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега