Нема да ви се верува како ограбиле куќа во Струмица

Крадците направиле парче во текот на минатата ноќ. Засега непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на 47-годишниот Н.У. и одзел 14.000 евра. 5.500 американски долари, 200.000 денари и разновиден златен накит. 

Исто така, околу 18 часот и 30 минути во струмичко, во куќата на 45-годишниот К.Г. две непознати лица извршиле тешка кражба, при што одзеле 3.000 евра и 10.000 денари. Тешката кражба лицата ја извршиле на тој начин што дошле до куќата и побарале од мајката на К.Г.  да им даде клуч од влезната врата на првиот кат од куќата, под изговор дека се од Скопје и треба да го прочитаат електричното броило во ходникот. Откако добиле клуч, влегле во куќата, го отвориле прозорот и веднаш го вратиле клучот. Потоа преку отворениот прозор, влегле во куќата, извршиле пребарување, ги одзеле парите и го напуштиле лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

18.07.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега