Направете најдобро селфи во Прилеп и освојте награда!

Во Прилеп деновиве „грми" со дванаесеттото издание на Пивофест. Градоначалникот Марјан Ристески оценува дека ова била најдобра прва вечер од сите досегашни на Пивофест

Од вечерва на Пиво фест се воведуваат наградни игри, а онаа која со сигурност ќе предизвика најголем интерес е изборот за најдобра селфи фотографија.

Сите кои ќе ојдат да уживаат во вкусот на пивото, ќе бидат забавувани од Тијана и Тамара, Игор Џамбазов и Владо Јаневски. По полноќ свој настап ќе има групата „ Хладно пиво“.

18.07.2014 - 13:07
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега