Попладне се подготвува невреме - недела и понеделник пекол

Нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакво време најавуваат метеоролозите за попладнево. Метеоалармот на Европскиот центар за хидрометеорологија половина од Макеоднија ја става во жолта алертна фаза

И утре попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло. Од вторник повторно се очекува дестабилизација со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Во недела и понеделник стабилното време може да се искористи за заштита на лозјата од плевели, болести и штетници. Исто така може да се вршат и другите земјоделски работи на отворено како, берба на овошје и зеленчук, кроење на млади зелени ластари и друго.

18.07.2014 - 13:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега