Паднаа казни за насилниците во тетовските протести за „Монструм“

Тетовскиот суд денеска на десетината агресивни демонстранти за случајот „Монструм“ им определи казни. Осуммина „заработија“ по 2,5 години условно, додека на двајца, кои се ослободени по осумдневниот притвор, ќе им се суди во редовна судска постапка. 

Од утрово, околу зградата и по тетовските улици вриеше од полиција, а исходот пред зградата го очекуваа триесетина лица, роднини и пријатели на осомничените.

Судската разврска доаѓа откако СВР Тетово минатата недела поднесе десет кривични пријави. Со нив беа опфатени лица кои како учесници во протестите се судрија со полициски кордон по што имаше, девет повредени лица.

18.07.2014 - 14:23
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега