Одличен старт на кошаркарите на подготовките во Охрид

Нашата најдобра македонска кошаркарска репрезентација успеа да стигне и до вториот триумф на подготовките во Охрид, откако синоќа во СЦ „Билјанини извори“, ја совладаа Романија со 75:56 (21:13; 15:22; 18:10 и 21:11). На првиот натпревар од 2.коло Грузија по продолжение славеше над Австрија со 78:74.

Избраниците на новиот македонски селектор Александар Џикиќ по неубедливото прво полувреме кое го добија со 36:35, на почетокот на вториот дел на противникот му дозволија да направи серија од 8:0 и да води со 43:36. Но, потоа со серија од 18:2 обезбедија мирна завршница.

Најефикасен втор натпревар по ред е Бојан Трајковски, кој постигна 22 поена. По осум поени постигнаа Ричард Хендрикс, Дарко Соколов, Александар Костовски и Дамјан Стојановски.

Вечерва од 20:30 часот Македонија ќе игра против Грузија, додека во првиот дуел од 3.коло од 18 часот играат: Австрија – Романија. Двата натпревара се решавачки за пласманот на турнирот дуелот Македонија – Грузија (за прво место) и Австрија – Романија (за трето место).

18.07.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега