Во Скопје ќе никне најсовремена резиденција за возрасни лица

Наесен се очекува отворање на нова современа резиденција за возрасни лица, која ќе биде изградена според стандарди на ЕУ и ќе го носи името резиденција „Дабески“.

- Основна цел на резиденција „Дабески“ ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно-социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот – вели Даниела Дабеска, сопственичка на резиденција „Дабески“, пренесе Курир.

Резиденцијата „Дабески“ е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од плоштад „Македонија“. 

18.07.2014 - 15:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега