„Патуваме низ Европа“ - македонски студенти ќе ја промовираат Македонија

Дванаесет студенти преку проектот „Патуваме низ Европа“ што се реализира преку граѓанската асоцијација „МОСТ“ од 29 јули ќе патуваат низ Европа за да се запознаат со нивните демократски вредности, народи и култури.

Во текот на еден месец, покрај запознавањето со туѓите култури и народи, македонските студенти ќе ги презентираат и вредностите на Македонија.

Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавањето на странски јазици.

На студентите им е обезбедена интер раил карта за  неограничено патување со воз, патничко осигурување, студентска картичка и финансиски средства на платежна картичка. Доделени им се брошури за промоција на Македонија, донирани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и брошури за Скопје обезбедени преку Туристичкото биро на Град Скопје.

Проектот се реализира во соработка со „Тутунска Банка“, „Еуролинк Осигурување“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и „Аурора Турс“.

Целта на проектот е студенти од Македонија, преку патување и посети директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Ова е седма генерација студенти кои имаат можност да патуваат низ Европа, а во изминатите години повеќе од 100 македонски студенти беа дел од проектот.

 

18.07.2014 - 15:15
Фото: 
локално
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега