Протестите завршија без инциденти

Овој петок протестите за Монструм поминаа без никакви инциденти, демонстрантите мирно се разотидоа.

Демонстрантите најавија дека протестите нема да престанат се додека не се ослободат осудените во случајот Монструм и нивно обештетување. Тие побараа  итно разрешување на јавниот обвинител и судијата од случајот; како и нивно кривично гонење за злоупотреба на службената должност; оставка од министерката за внатрешни работи, итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово; и како и барањето јавниот правобранител , Хелсшинкиот комитет, ОБСЕ да ги посетат приведените од протестите во Скопје и Тетово и праведно да ги известат нивните роднини и поришаката јавност за нивнат физичка и здравствена состојба.

18.07.2014 - 15:36
Фото: 
курир.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега